Претседателот Ѓорѓе Иванов ќе ја проширува комисијата за помилување

11 January, 2016 - 15:55

Претседателот Ѓорѓе Иванов ќе ја проширува комисијата за помилување со член од Хелсиншкиот комитет на Република Македонија. Ваква одлука донел оти реагирале организациите за човекови права за последните помилувања на затвореници пред и за Нова Година. До сега таа броеше 8 членови, на чело со Василка Јуруковска, додека сега ќе брои девет.

Ова доаѓа откако јавноста бурно реаѓираше на истражувањето на  Телма за тоа кој се е помилуван.  Во списокот не стојат делата за кои лежеле помилуваните, но според истражувањето меѓу нив има и убијци, соучесници, подмитени шумски полицајци, инспектори, лихвари. Од кабинетот на претсдетелот во некои од наредните денови ќе дадат статистика за делата на помилуваните, нои не и кој за кое дело е.  Инаку Телма објави и дека бројот на помилувани за нова година е 174 а неколку недели претходно 33 што е многу поголем број во споредба со претходните.

Според кабинетот на претседателот бројот е толку голем оти бројот на предложени затвореници од казнено поправните установи бил голем. Од затворот Идризово пак велат дека секоја година го предлагаат речиси истиот број ама годинава се најмногу одобрени помилувања. Велат дека ова ним им оди во прилог оти затворот и онака е пренатрупан.

Инаку помилувањата доаѓаат во време кога два закони за амнестија беа отфрлени од страна на власта во собранието со образложение дека ќе се овозможи убијци и педофили да шетаат на слобода. Дел од затворениците пак и нивните семејства веќе подготвуваат штрајк пред затворот Идризово кој го најавуваат за в среда на пладне.

Билјана Николовска

 

Веста е прочитана 1265 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.