Претресите кај Грујовски биле незаконски

17 February, 2017 - 16:05

Од СЈО потврдија дека во понеделник од судот добиле известување за одлуката на судијката Александра Поп Стефанија ги прогласила претресите во домот на екс началникот на 5-тата управа Горан Грујовски за незаконски. Грујовски е осомничен во две истраги и е обвинет во трет случај на СЈО. Претресот во неговиот стан е извршен додека тој бил во притвор за истрагата тврдина на почетокот на април, неколку дена пред аболицијата на иванов. Судијката Поп Стефанија сметала дека поради отсуството на осомничениот при претресот, станува збор за незаконски извршен претрес. СЈО поднело жалба на одлуката. Во претресот во домот на Грујовски покрај компјутери и други докази, беше најден и тефтер со забелешки за движењето на специјалните обвинители, истражителите на СЈО, но и листа на луѓе кои влегувале во старото седиште на СЈО пред студентскиот дом Кузман. 

Веста е прочитана 1565 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.