Празниците служат за обединување на граѓаните

11 October, 2017 - 17:11

Оживеаја просторите пред спомениците и бистите на хероите од Народно Ослободителната Војна. Денот на Македонското востание, 11-ти Октомври, беше одбележан едноставно: со положување венци со црвени ленти и букети цвеќе.

Едните пристапуваат, другите заминуваат. Немаше марш по скопските улици што минатогодишната опозиција го организираше и го сметаше за предвесник на претстојните политички промени.

Немаше масовни народни собирања, како на пример за Илинденските празници, на кои редовно некој политичар беше пречекуван со овации, а друг со свирежи. Социолозите велат дека празниците треба да ги обединуваат луѓето и да ги потсетуваат на историските настани.

Според професорот Ацевски, верските празници не треба да се празнуваат како државни. Тие денови, особено оние што се прогласени за неработни, го поткопуваат атеистичкиот карактер на државата и водат кон натамошни делби меѓу припадниците на различните религии.

Соња Николовска

Веста е прочитана 461 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.