Пожарот во Кондово e под контрола

13 August, 2017 - 12:45

Пожарот кој вчеравечер го зафати просторот во близина на селото Кондово во Општина Сарај е ставен под контрола. Куќите во село Кондово се надвор од опасност да бидат зафатени од огнот, информираат од Градот Скопје.
Екипите на Противпожарната бригада на Скопје ќе интервенираат на терен до целосното гаснење на пожарот. Како што соопштија од Град Скопје, во текот на ноќта на терен биле излезени повеќе од 40 пожарникари и возила од Противпожарната бригада на Скопје, како и голем број луѓе и механизација од јавното претпријатие „Комунална хигиена“.
Околу селото веднаш е направен заштитен појас за да се спречи ширењето на огнот.

По врнежите кои од утрово ја зафатија територијата на земјата, најголем дел од пожарите кои беа активни се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи на РМ во извештајот за состојбата до 11 часот.Пожарот во близина на манастирот Трескавец и населените места Мажучиште, Мараморани и Горно Село, е под контрола. Гори сува трева. На терен има екипа од ТППЕ Прилеп. Од ЦУК велат дека пожарот е далеку е од манастирот Трескавец и нема опасност по него.Пожарот во близина на селата Крушевица и Бонче е под контрола. Екипите од утрово се на терен за проверка и целосно локализирање на пожарот.

Пожарот кај село Никодин е ставен под контрола. Во правец на село Фариш ангажирани се вработени од ШС „Црн Бор“ – Прилеп.Шумскиот пожар во атарот на село Норово е под контрола. Гори сува трева и ниско дабова шума. Екипите се на терен, а во зависнот од процените, постои можност за ангажирање на подршка од воздух со авионите на ДЗС. Од утрово на терен се екипите на ТППЕ Крушево, ШС „Липа“, ЕЛС и ЈП Комуна и месно население.Пожарот на местото Фрлогоец (Женска планина) на Бистра Планина е под контрола. Гори пасиште (сува трева и смрека) и ниско стеблеста деградирана дабова шума, се наведува во соопштението од Центарот за управување со кризи на Република Македонија

Веста е прочитана 862 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.