Потрошени шест милиони евра на тениски игралишта и спортски сали

10 January, 2017 - 15:12

„Постапката е поништена“. Вака заврши првиот обид на Агенцијата за млади и спорт да најде фирма која ќе го гради базенот со олимписки димензии во општината Шуто Оризари. Иако еден месец нудеше 730 илјади евра, ниту една градежна компанија не се заинтересирала за проектот. Агенцијата за млади и спорт тврди дека нуди доволно пари, а од идејата за базен во Шуто Оризари нема намера да се откаже.

Владата го испланирала ,а базенот го вети и партијата ВМРО-ДПМНЕ во својата изборна програма, една недела откако државната агенција отвори јавен оглас за изведувач. Агнецијата во својот годишен отчет, 2016 ја прогласи за најуспешна. Потрошени се 4 милиони евра од буџетот за 50 спортски објекти. За 2017 меѓудругото планирана е градба на 150 терени за улична кошарка , еден и во општината Мавро-Ростуше каде веќе има маалско игралиште вредно 100 илјади евра за четоврицата постојани жители во с. Никифорово. Каде ќе се гради спортски објект, одлучува Владата, вели Спасевски.

На игралиштето во село Никифорово има катанец. Во оваа општина веќе се изгради спортска сала, тениски терен, фитнес зона,а во 2017 жителите ќе добијат и игралиште за улична кошарка, едно од 150-те планирани низ целата земја. 

Павле Беловски

Веста е прочитана 412 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.