Попоски: Изјавата на Бушати е одраз на неговото воспитување и култура

12 January, 2017 - 11:41

Внатрешните случувања во Македонија ги коментираше министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, и при тоа македонците ги нарече „славомакедонци“. Со реакција се јави мнистерот Попоски, кој рече дека Не е добро политичари од регионот да влечат чекори за потребите на претстојни избори.

„Целта е да создадат слика дека раководат со сите политички партии со етнички предзнак во регионот. Разбирливо е дека тоа се прави и за внатрешна употреба и за сопствениот рејтинг дома. Сепак, овие практики се надвор од нормална меѓусоседска соработка. Најдобро е пред секој обид за демонстрирање глобално лидерство, секој добро да погледне во сопствениот двор. Така, политичарите и во тие земји ќе се фокусираат на подобрување на домашните слабости“ вели Попоски.

Во однос на употребата на терминот „славомакедонци“, Попоски вели дека тоа е одраз на воспитувањето на Бушати.

„Ние сме Македонци и ништо повеќе, ниту ништо помалку. Ниту еден демократ не би имал потреба групно или племенски да етикетира. Денес, во Европа е потребен речник и култура за 2017 година, а не за 1913 година – вели Попоски.

 

Веста е прочитана 1614 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.