Помина загадувањето, нема мерки за следната сезона

19 March, 2017 - 16:27

Сезоната на загаден воздух помина, но властите не презедоа ниту една мерка, со која би се намалила аерозагаденоста на воздухот во Тетово во зимскиот период.

Дарко Спироски од Институтот за животна средина при Штуловиот универзитет, вели дека и без анализа може да се заклучи дека воздухот во Тетово, највеќе се загадува од користењето на дрвната маса за затоплување на домаќинствата.

Повеќе светски студии говорат дека еден килограм дрво, при согорување испушта ококу 15 грама ПМ честички. Ако се знае дека во Тетово за една зимска сезона се користат над 100 000 кубни метри огревно дрво, тогаш ќе се дојде до одговор дека со загревањето на домовите, за еден час во тетовскиот воздух се испуштаа штетни честички, чија концетрација е поголема за 20 пати од максималните граници, вели Спировски 

Спировски смета дека потребно е итно државата да изнајде начини, и да ги мотивира граѓаните огревното дрво да го заменат со друга маса на затоплување. Во меѓувреме потребни се мерки за регулирање на сообраќајот и поголема хигиена во градот, кои исто така се големи загадувачи на воздухот.

И изминативе денови аерозагадувањето во Тетово во вечерените часови, беше за неколку пати поголемо од дозволените граници. 

 

Зоран Димовски

Веста е прочитана 2743 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.