Полицаецот кој пукаше во малолетници ќе одговара за обид за убиство

13 August, 2017 - 14:41

Полицаецот кој завчера вечер пукаше во двајца малолетници сакајќи да ги спречи да побегнат ги пречекорил службените овластување, утврдила внатрешната контрола. Против него е поднесена кривична пријава за убиство во обид и е суспендиран од работното место до завршувањето на дисциплиннската постапка.

Истрагата покажала дека тој неосновано, неоправдано и неправилно  го употребил службеното оружје како средство за присилба врз двајцата малолетници.

Како што веќе информиравме едниот од нив заврши на клиниката КАРИЛ во Скопје со прострелна рана во градите  и лекарите во последен момент му го спасија животот. Тој сеуште е во критична состојба и под постојан надзор на лекарскиот тим.

Веста е прочитана 8130 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.