Почна снимањето на новата сезона на серијата „Преспав“, која на Телма ќе се емитува наесен

18 May, 2017 - 18:38

Да се биде дел од снимањето на нашата најпопуларна серија е навистина големо задоволство. Гужва, насмевки, по некое викање од страна “ Tишина се снима” е само дел од атмосферата која владее на сетот. Серијата привлече голем интерес кај македонската јавност, но допрва, во втората сезона ќе очекуваме поголеми сплетки, посмешни ситуации и поинтересен развој на самите ликови.

Од изјавите на режисерот, извршниот продуцент и продуцентот се гледа дека очекувањата се големи и повеќе од позитивни. Односно дека не очекува нова, уште повозбудлива и погледана сезона од првата.

Актерите се главните носители на сценариото и приказната, а тоа меѓудругите одлично го прават Јелена Јованова и Васил Зафирчев. Интересно смешни и паметно смотани се само дел од нивните карарктеристики.

Режисерската палка по втор пат му припадна на нашиот познат и веќе докажан режисер Игор Иванов Изи...

Во пишувањето на сценариото и креирањето на смешните и интересни случки на едно семејство кое води неуспешен пансион помага македонското секојдневие.

Се на се се одличен почеток на снимањето на новата сезона на ситкомот “Преспав” која гледачите ќе имаат можност да ја гледаат некаде на есен.

Елена Вишка

Веста е прочитана 24715 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.