Почина поранешниот претседател на Германија, Роман Херцог

10 January, 2017 - 11:25

Поранешниот германски претседател Роман Херцог почина денеска на 82 години. Херцог во 90-тите години на минатиот век инсистираше Германија да спроведе економски реформи, но исто така истакнуваше колку е значајно да не се заборави Холокаустот. Актуелниот германски претседател Јоахим Гаук изјави дека Херцог бил „единствена личност“.

Херцог стана претседател на Германија во 1994 година, четири години по обединувањето. 

Веста е прочитана 338 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.