Почина актерката Деби Рејнолдс ден по смртта на ќерка и Кери Фишер

29 December, 2016 - 12:33

Холивудската филмска легенда Деби Рејнолдс почина синоќа во Лос Анџелес, само еден ден по ненадејната смрт на нејзината ќерка, актерката Кери Фишер.

Деби Рејнолдс починала во болница откако претрпела мозочен удар по веста за смртта на нејзината ќерка. Блиските велат дека Деби Рејнолдс не можела да се помири со веста за Кери Фишер.

Деби Рејнолдс е најмногу позната по својата улога во прославениот мјузикл „Пеејќи на дождот“ како партнерка на Џин Кели.

Во 1964 година, Рејнолдс беше номинирана за наградата Оскар за најдобра женска улога.

Кери Фишер, која во вторникот почина од срцев удар е дете од бракот на Рејнолдс со американскиот пејач и актер Еди Фишер. Овој холивидски брак беше прекинат по само четири години, поради љубовната афера на Фишер со филмската ѕвезда Елизабет Тејлор.

Веста е прочитана 6862 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.