Песимизам за влез во ЕУ

21 November, 2016 - 16:09

Интерните шеги на сметка на нашиот влез во Европската унија  во годините претходно ја изгубија смешната нишка. Македонските граѓани се се поголеми песимисти во однос на очекувањата кога нашата држава ќе стане членка на унијатата.

Ниските очекувања во однос на терминот сепак не ја намалуваат желбата за членство  во Европската унија, покажуваат истражувањата на Еврометарот. Доколку утре би се одржал референдум за влез , речиси 70% од граѓаните би гласале за. Според Кацарска од Институтот за Европска политика ваквите резултати  не се изненадување.

Речиси изедначен е бројот на граѓаните кои веруваат дека спорот со Грција е единствената причина поради која МАкедонија не може да влезе во ЕУ, со оние кои сметаат дека владата овој спор го користи како изговор.Ставот дека односот на унијата кон МАкедонија е нефер и уценувачки е 41%, додека 22,6 одсто сметаат дека  е фер и пријателски.

Една од причините зошто критиките на сметка на ЕУ не го зголемија евроскептицизмот е недовербата во  домашните институции, вели Кацарска.

ЕВроскептицизмот беше најголем во Македонија во 2012та година. СЕга речиси 60 % од испитаниците на Евврометар се согласуваат дека членството на напата држава во ЕУ би била добра работа.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Веста е прочитана 465 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.