Панчевски: При претресот ми го украдоа клучот

7 October, 2017 - 18:38

СЈО при завчерашниот претрес одзело и два мобилни телефони на експретседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, но допрва ќе се анализира какви податоци содржат и дали преку нив ќе се дојде до други инволвирани, велат извори за Телма поврзани со истрагата. Панчевски не сакаше да ги коментира обвинувањата дека издавал тајни информации од судот, ниту дека местел предмети на судии, туку возврати со обвинувања и најави за кривични пријави. Обвинува дека насилно и незаконски бил извршен целиот претрес во неговиот дом, но и дека едно од службените лица му го украл клучот за што пријавил во полиција. Снимката од видео надзорот ја достави до Телма, но и писмена изјава

На снимката јасно се гледа како едно од службените лица ја злоупотребува службената положба и го краде клучот од мојот дом. Не станува збор никаква случајност. Клучот е оставен на масата и лицето чека поволен момент. Дали може некој да ја гарантира мојата безбедност и на моето семејство кога службени лица се однесувата вака, изјави Владимир Панчевски.

Според докумнентите што ги достави панчевски може да се види дека претресот во домот на Панчевски е поврзан со предистражната постапка што ја води  СЈО за бизнисменот Љупчо Палевски

Панчевски го вели дека дека наредбата за претрес е кривичните дела незаконско прислушување и уцена и го спори тоа што е издадена од гевгелискиот суд.

Од СЈО одговараат дека обвинувањата на Панчевски за насилен претрес се не точни. Потврдуваат дека налогот за претрес е од друг суд но тоа велат е согласно правото и судската практика на судот за човекови права во Стразбур.  Од СЈО објаснуваат  дека водат предистржана постапка за три кривични дела.

Периодов освен во Извештајот на Прибе, повеќе судии но и претседатлеот на Врховниот суд Вангеловски јавно обвинија дека претходните претседателеи на кривичниот суд местеле битни судски предмети да се пакаат кај конкретни судии од доверба. Токму поради ова и работна комиса од Министерството за правда прави увид во АКМИС системот за мегу другото да утврдат дали има злоупотреби и манипулации при распределбата на предметите односно дали некои судии незкаонски биле изоставни од системот за да не им се паѓаат битните предмети.

Судијата Лазар Нанев кој е дел од комисијата вели случајно се погодиле во кривичен во ист ден со СЈО и дека нивната работа не е поврзана. Најави дека повторно ке се вратат  таму бидејќи имаат уште доста работа, а разултатите ќе ги соопштат на крај.

Елена Ивановска Мукоска

 

Веста е прочитана 7650 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.