Отворена е „Пандорината кутија“ во правосудството

11 October, 2017 - 21:30

Вербални војни, кривични пријави, истраги и обвиненија за судии. Се отвори пандорината кутија во правосудството каде со години се молчеше за сите проблеми - коментираат познавачите откако периодов почнаа да се одмоткуваат некои . Поранешната судијка во судот во Стразбур, Маргарита Цаца Никловска вели дека големото расчистување започна од самата фела.

Николовска вели и обвинителството се разбудило и сега е многу поактивно за актуелните предмети. Освен институционално расчистување очекува да паднат и оставки во правосудството.

Деновиве обвинителството собира докази  за кривичната пријава на советот за утврдување факти против претседателот на Врховен, Јово Вангеловски. Пензионираните правници од Советот кои истражуваат дали судиите дозволиле обвинетите Грујевски и Бошковски да избегаат - минатиот месец тропна на вратата на Врховен, но си заминаа без да направат увид во судските предмети. Му се налутија на Вангеловски и му поднесоа кривична пријава. И тој возврати со најава за контра кривична пријава.

Предистражна постапка, претрес  и контра пријава вакви се релациите деновиве меѓу поранешниот престседател на Кривичен, Владимир Панчевски и специјалната обвинителка Катица Јанева. СЈО влезе кај него дома за да бара докази дали оддавал информации за нивни предмети надвор од судот, користејки ја можноста да влегува во „АКМИС“ системот. Кои ќе бидат  следните чекори на Јанева ќе се знае откако ке ги добијат резулатите од вештачењата на мобилните телефони, компјутерите и другите уреди од домот на Панчевски. Тој ги негираше местењета на предмети и обвини за незаконски претрес и кражба, и дека подготвува кривична пријава за Јанева.

Според најавите, следната недела пак и официјално ќе знае дали последниве две години откако СЈО започна истраги имало местенки на предмети за едни исти судии да одлучуваат за притвори претреси обвиненија жалби. Информатичарите од работната комисија на министерството за правда се тие што треба да ги обезбедат доказите за тоа дали имало случаи кога предмети се местеле рачно, и дали од авотматската распределба на предмети се исклучувале судии за да не можат кај нив да се паднат предмети.

Експертскиот извештај на Прибе беше како иницијална каписла за да се формира работна комисија која ќе испитува дали и како се местеле предмети на судии. Освен злоупотреби со системот за распределба на судски предмети Прибе констатираше и дека контролата и злоупотребата на судскиот систем е од страна на мал број судии на моќни позиции кои вршат притисок врз нивните помлади колеги

„Таму каде што има докази дека одредени судии несовесно работеле, треба да има одговорност. На сите разрешени судии за докажано несоодветно постапување и несовесно работење треба да им се забрани практикување на право, на кое било ниво“.

5-мина управи судии се најблиску до обвинителното столче. Нив СЈО ги гони во предметот „Тврдина 2“ за злоупотреби при одлучувањето по партикси тужби за минатите локални избори. Кривичниот суд и по три и пол месеци од поднесените обвиненија се нема произнесено за тоа дали ќе го прифати обвинителниот акт.

Елена Ивановска Мукоска

Веста е прочитана 6014 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.