Оливер Андонов: Отфрлам сценарио за воена состојба, но бункерите во ЈПУ ЗПП „Јасен“ не се функционални

19 May, 2017 - 18:33

Ј.П. „Јасен“ ги отвори вратите, но не за државниот врв туку за новинарите. А, првиот човек и в.д. Оливер Андонов ги пречека медиумите кои ги покани за да видат што се крие зад капијата. Нема вооружени војници, ниту бункери.  

Прашан, директорот Андонов го отфрли сценарио за активирање на воените бункери во националниот парк и план за воена состојба, за кои во јавноста се зборуваше пред случувањата во Собранието на 27 април. Тој, пак, не знае каде се распоредени воените бункери иако потврди дека се нефункционални.

Андонов, за нецели 3 недели откако го назначи владата во заминување веќе размислува за подобрување на капацитетите на јавното претптријатие за кое уверува дека нема никава стратешка улога туку единствено се занимава со стопанисување на дивеч и огревно дрво.

На само 30 километри од Скопје во пазувите на планините Караџица и Даутица се сместени воени бункери градени во СФРЈ. Јавноста си потврди за нив пред десетина години кога за прв во нив беа пуштени медиуми.

Но, сегашниот воен врв ги класифицира како државна тајна, околу кои што се уште се градат шпекулации.

Павле Беловски

Веста е прочитана 10232 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.