ОЈО ја започнува првата истрага против поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и Никола Груевски за перење пари

7 December, 2017 - 16:42

Пред една недела поранешниот српски министер за надворешни работи Вук Јеремиќ во телевизиско интервју ќе соопшти дека поранeшниот шеф на тајната полиција на Македонија, Сашо Мијалков и поранешниот премиер, Никола Груевски, извлекувале пари од земјава, а ги инвестирале преку пoсредници од Чешка токму во Србија. Денеска, пак, јавното обвинителство ќе соопшти дека отпочнува предистражна постaпка. Ќe истражува дали виоски функционери од Македонија переле пари.

„Предистражната постапка е како резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми во Република Македонија во врска со изјавата на поранешниот српски министер за надворешни работи и претседател на Народната партија во Република Србија, Вук Јеремиќ. Изјавата се однесува на наводно перење пари во Република Србија од страна на високи македонски функционери и нивната поврзаност со физички и правни лица од Србија и Чешка“.

Името за кое со години пишуваа дел од македонските медиуми ќе го спомене и српскиот опозиционер Вук Јермиќ. Чехот Восилав Спаравало и според документи бизнис партнер на Сашо Мијалков неодамна преку фирмата СЦМГ го купил комбинатот во Крушевац „14 Октомври“. Имотот е платен, но работниците не се вратени на работа, тврди Јермиќ којшто ја обвини актуелната власт во Србија дека влегла во скандал со корупција и перење пари токму со поранешните македонски функционери.

Македонското обвинителство и во минатото добиваше вкави пријави од лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски дека тогаш актуелниот директор на УБК
Сашо Мијалков ги крши законите управувајќи со фирма, а поседувала и имот кој тој не го пријавувал во антикорупцсиката комисија. Сега, предметот е во раце на Јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција.

Павле Беловски

Веста е прочитана 5999 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.