Обвинетите од „Монструм“ излегуваат од затвор

1 December, 2017 - 16:09

Врховниот суд одлучи обвинетите од „Монструм“ веднаш да бидат пуштени на слобода.

Во соопштението стои дека обвинетите Агим Исламиловиќ, Фејзи Азири, Тахи Азири и Сами Љута им се опредуваат мерки за претпазливост, забрана да го напуштаат градот, и два пати неделно да се јавуваат во Кривичен.

Минатата недела, Врховен ја укина пресудата за „Монструм“ и го врати предметот на повторно судење во Кривичен. Но, неделава од Кривичен повторно им го вратија предметот на Врховен, за тие да одлучат да за мерките. 

Веста е прочитана 13788 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.