Ново задолжување од 88,8 милиони евра

17 March, 2017 - 17:08

Во вторник, државата ќе се задолжи со нови 88,8 милиони евра. На аукцијата на државни хартии од вредност ќе бидат понудени 12 месечни записи и 2 годишни и 15 годишни обврзници со и без девизна клаузула.

Следниот ден односно на 22 март, за враќање стасува идентична сума 88,8 милиони евра но на 26 март треба да се вратат дополнителни 4,1 милиони евра.

Според Министерството за финансии, вкупната сума на долгови кои треба да се вратат овој месец изнесува 168,83 милиони евра.

Веста е прочитана 619 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.