Ново продолжување на судскиот процес „Еразмус“

17 February, 2017 - 10:40

Ново продолжување на судскиот процес „Еразмус“, во која  петмина професори од Економскиот факултет се товарат за примање и изнудување на поткуп.

На крајот на минатиот месец процесот беше одложен откако одбраната на дел од обвинетите, побара изземање на судијката Љубинка Башеска, која е преседател на Судечкиот совет, како и на судијата Ивица Стефановски, член на Советот. Адвокатите изјавија дека се сомневаат во нивната објективност поради тоа што одлучувале по жалба во претходна постапка.

Се очекува в.д. претседателот на Кривичниот суд, Татјана Михајлова, да одлучи по барањето за изземање.

Лани во октомври во широка полициска акција при која беше блокиран целиот кампус на универзитетот „Кирил и Методиј“ беа претресувани кабинетите на професорите на Економскиот факултет, кои го изгубија и правото на предаваат.

Веста е прочитана 880 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.