Нови оценки за кандидатите за претседатели на судовите

11 January, 2017 - 18:25

Новинарите да си заминат, бидејќи точката за одлучување по претставките за оценките на судиите е затворена за јавност, а претседателот Зоран Караџовски нема да даде изјава за медиумите, ова го побара Судскиот совет од присутната јавност на денешната седница. Иако бркани, новинарите останаа, а претседалот Караџовски се предомисли и одговори дека Судскиот совет одлучил да прифати дел од претставките на судиите по резултатите од вонреднотто оценување, а дел да одбие. Кој од судиите,пак, за кандидати на претседатели на Врховниот суд и Основниот суд Скопје 1 имаат измени во оценката, Караџовски не одговори.

Судскиот совет без гласање одлучи да го одбие и барањето на поранешната претседателка на врховниот суд Лидија Неделкова, кога советот ќе одлучува по нејзината претставка за оценката. Караџовски е категоричен дека не го прекршил уставното право на Неделкова.

В.д. претседателката и кандидат за претседател на врховниот суд Снежана Бајлозова според Законот беше присутна на седница и можеше да слуша, да ги чуе одлуките на Советот за нејзните против кандидати, Неделкова, Јово Вангеловски и Беса Адеми.    

Како што Лидија Неделкова за Врховен Суд, така претставка поднел и судијата кандидат за претседател на кривичниот суд Скопје, Иван Џолев, но дали е незадоволен од оценката и бодовите поранешниот претседател на судот, Владимир Панчевски, советот не окрива. Одлуките по претставките и измените во бодовите, според Претседателот на Судски Совет, Караџовски треба да бидат доволно за до крајот на месецот советот да избере претседатели на Врховен и Кривичен во Скопје.

Павле Беловски 

Веста е прочитана 1088 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.