Нова уметничка акција за заштита на птиците во Скопје

13 April, 2017 - 12:11

„Ги исековте сите дрвја, каде да правиме гнезда“, ова прашање од позиција на птиците, го поставуваат активисти кои во пресрет на Велигденските празници, поставија инсталација од гнездо со јајца, во центарот на Скопје. Како што велат, идејата е да ја опоменат градската власт дека со сечењето на околу 50 % од дрвјата и зеленилото во интерес на новите градби, се уништуваат природните живеалишта на птиците и тие исчезнуваат.

- Да потсетиме на оние што ни ги даваат јајцата, особено на оние дивите птици кои што живеат во градските средини, на кои што живеалиштата константно им се уништуваат и тие полека исчезнуваат од Скопје. Тој станува град каде што 40-50 % од зеленилото, од дрвјата, од крошните на дрвјата, се уништени. И ние практично се поретко гледаме низ Скопје, славејчиња, разни украсни птици, канаринци, биљбиљи, ќосови, гугутки се помалку има, а тоа е затоа што хабитатот е уништен. Немаат птиците каде да прават гнезда. И токму тоа е пораката на оваа акција, рече за Телма Никола Писарев- „ Урбани уметнички акции“.   

Сотир Трајков

Веста е прочитана 1119 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.