НЛБ го продава пензискиот фонд

17 March, 2017 - 17:12

НЛБ го продава Пензискиот фонд. Според објавата на интернет страницата на Македонската берза се бараат инвеститори за откуп на 100% од акционерскиот капитал на „Нов Пензиски Фонд“ АД Скопје што управува со два пензиски фонда, од задолжителниот втор столб и од доброволниот трет столб, управувајки со средства од околу 370 милиони евра. НЛБ поседува 51% од акционерскиот капитал на НЛБ Нов Пензиски фонд а останатите 49% се во сопственост на нејзината ќерка  НЛБ Банка АД Скопје

„Оваа објава е изработена исклучиво со цел да се известат потенцијалните инвеститори за можноста да го искажат својот интерес за процесот на продажба и на никој начин не ги обврзува ниту НЛБ, ниту пак НЛБ Банка АД Скопје да склучат некој вид на договор за продажба или друга трансакција со потенцијалниот инвеститор. Оваа објава не претставува, односно не е дел од понуда или повик за продажба или издавање, или пак убедување за купување или впишување на било кои хартии од вредност на НЛБ НПФ или хартии од вредност во било кој друг субјект, а освен тоа оваа објава или било кој дел од неа не смее да биде основа за каква било инвестициска одлука или договор, а во таа насока исто така било каква инвестициска одлука или договор во врска со истата не смее да се потпира на објавата“, стои во објавата на НЛБ

Од НЛБ банка велат дека продажбата нема да се одрази на членовите на пензискиот фонд и дека нивните заштеди се безбедни, но повеќе информации најавуваат во следните денови. 

Веста е прочитана 720 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.