Николовска: Соработката на Телеком е позитивна

25 April, 2017 - 16:10

Отворањето на вратите на Телеком за обвинитлеите од СЈО е значаен чекор во собирањето на докази во аферата за незаконското прислушкување смета пораншената судијка од Европскиот суд за човекови права Маргарита Цаца Николовска. Сите институции треба да овозможат сјо непречено да ја врши работата порачува Николвска.

Во однос на прашањето дали бомбите треба да се користат како докази во кривичните постпаки  пораншената судијка од судот во Стразбур порачува дека судиите се обврзани да ја имплементираат праксата на европскиот суд за човекови права, според кој само докази прибавени со тортура не можат да се користат. Во однос на правото на приватност на личностите од прислушкуваните разговори,  Николовска вели тоа не е апсолутно право

Врховниот суд се уште не закажал продолжение на седницата на која ке се произнесе за ова прашање но и за тоа кој може да поднесува БЗЗ за предметите на СЈО, двата реферати прдедложени од претседатлеот на судот Вангеловски.  Досега од врховните судии јавно се произнесе Лидија Недлекова која посочи дека во макеоднската судиска пракса има случаеви каде прислушкувани разгововори или снимки биле прифаетни како доказ.

 

 

Елена Ивановска Мукоска 

Веста е прочитана 1977 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.