Неопходен е нов модел за финасирање на науката

16 February, 2017 - 19:20

Новите лаборатори изгледаат примамливо за фотографирање, но далеку се од доволни. Експертите кои до сега многу пати до сега предупредија дека без најсовремени инструменти, млад обучен кадар и постојан пристап до светските бази на податоци, тешко може да се зборува за сериозна научно устражувачка работа во Македонија, предлагаат нов модел на финасирање на оваа сфера. Досегашните проблеми во однос на транспарентноста би ги надминала посебна агенција формирана од Собранието. Внатре би имало неколку тела кои би се формирале на база на компетентност

Во последните неколку години не се финасираат нациналните истражувачки проекти, ниту пак годишните проекти на јавните научни институции. Најголем дел од стредствата кои во моментов ги дава МОН се за индивидуани подршки.  Професорите, како и експертите од невладините организации предупредуваат дека една од последиците е намалување на парите кои можеме да ги повлечеме преку европските проекти.

Резултатите на Словенија на ова поле се неспоредливо подобри од нашите. Тие со години имаат стабилен систем на финасирање на научно истражувачката дејност преку програми и проекти.

„Истражувањето во Словенија се финансира на неколку начини. Најзначајните средства се оние од буџетот. Секако, тука се и парите од европските фондови, како и од стопанството“, вели Митја Жагар од Научниот совет на Агенцијата за истражување на Словенија.

Процентот од буџетот кој што се издвојува за научно истражувачка дејност во јавните инстутуции е од од 40 до 100 %. Кај нас на глобално ниво за науката се издвојуваат 0,22 % од Бруто домашниот производ.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Веста е прочитана 478 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.