Неизвесен изборот на ад-хок телото

25 August, 2016 - 18:22

Откако вчера не успеаја да се договорат за петиот член, четворицата членови на ад -хок телото за следење на медиумите одржаa состанок но епилог се уште нема. Консултациите ќе продолжат и во наредните денови, сите опции се во игра.

Љубомир Костовски тврди дека рокот за избор веќе е пробиен и тие  немаат мандат да го именуваат петиот член.

Несогласувањата настанале при селекцијата на кандидатите. Сефер Тахири или Даут Даути.

За членовите предложени од власта не бил прифатлив Тахири бидејќи учествувал во протестите на Шарената револуција, додека  членовите на опозицијата го одбиле Даути со образложение дека бил член на комисијата за лустрација.

Директорот на агенцијата Зоран Трајчевски вели дека тие ќе продолжат со обврските кои дирекно им ги наметнува законот , утре ќе ја усвојат и Методологијата за мониторинг на медиумите а во однос на ад хок телото ќе реагираат соодветно.

Меѓусебни обвинувањата за изборот упатија и двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Од владејачката партија велат дека се зголемува стравот на СДСМ од избори, додека пак опозициската партија посочува дека ВМРО- ДПМНЕ не сака слободни медиуми и се плаши од избори. Познавачите на оваа област велат дека сето ова покажува колкаво е влијанието на партиите и дека реформи во медиумите никогаш нема да се направат.

Според Трпевска при изборот на ова тело направен е голем преседан.

Политичарите преку свои членови да одлучуваат за судбината на медиумите и да имаат свое влијание врз нив.

Јулијана Лефковска Пешевска

Веста е прочитана 503 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.