Народниот правобранител контра државниот просветен инспекторат

29 March, 2017 - 20:18

Шокиран од одлуката на државниот просветен инспекторат да го амнестира од секаква одговорност директорот на прилепската гимназија, народниот правобранител испратил извештај со реакција до Министерството за образование. Во целата постапка не се испочитувани законите со кои се штитат правата на децата бидејќи тие не смеат да бидат злоупотребени во политички цели, вели Васка Бајрамовска.

Државниот просветен инспекторат не препозна одговорност на надлежните ни во Охрид каде исто така група ученици излегоа на проести како подршка на иницијативата за Заедничка Македонија. Апсурдот е во тоа што инпекторите биле во гимназијата Свети Климент Охридски, а не во средното техничко училиште чии ученици всушност беа оние кои протестираат.

„При извршениот инспекциски надзор во ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, констатирано е дека часовите се одржуваат според наставниот план и програма, евидентирани се одсутни ученици поради болест, но нема групни одсуства од наставата.“

Поттикнувањето на учениците да излезат на протести од страна на некои од директорите, е причина за рекција на нивните колеги. Недозволиво е вели, Љатиф Исмаили, децата да ги туркаме кон политички и етички раздор, наместо да ги едуцираме.

Дисциплинска постапка против директорот на Прилепската гимназија побара голем дел од академската јавност. Спротивниот став на државниот просветен инспекторат според нив е доказ за партизираност на оваа институција.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Веста е прочитана 4189 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.