Намлениот број првачиња покажува дека истокот се празни

23 September, 2017 - 20:24

Во штипските основни училишта 20 првачиња учебната година ќе ја почнат по први октомври. Наместо во училишните клупи, тие се заедно со своите родители на сезонска работа по македонските ниви. Во екот на бербата на грозјето и јаболката голем број на семејства се одлучуваат да заработат како сезонски работници.

Трендот на намалување на бројот на првачаиња продолжува и оваа учебна година. Во штипските основни училишта годинава се запишани околу 443 , наместо панираните над 500 првооделенци. Од одделението за образование забележуваат дека причината за помалиот број на запишани ученици е процесот на иселување, а забележано е и изминатите денови и на отпишување на ученици од повисоките одделение, родителите како причина навеле дека  заминуваат во странство. Анализите колку ученици во првите 20 тина дена на учебната година си  заминале ќе се прават дополнително. Иста е и сликата со првачињата и во останатите училишта во Брегалничкиот регион.

Во сите училишта во источниот регион има пад на бројот на ученици во прво одделение, од 10 до 50 првачиња, а загрижува и тоа што во повеќе живи села во овој регион во училиштата има само по едно или неколку првачиња, па наставата за нив треба да се реализира во комбинирани паралелки. Бројките на првачињата говорат дека истокот се празни, а неговите жители веќе десетина години  контониурано  се иселуваат во Италија, Швајцарија или скандинавските земји. 

 

Викторија Јованова

Веста е прочитана 684 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.