Најмалку 39 екстремисти убиени во Пакистан

17 February, 2017 - 11:02

Најмалку 39 екстремисти се убиени во операции на пакистанските сили за безбедност, кои се покренати ширум земјата, по нападот на бомбаш-самоубиец, кој се разнесе со експлозив во преполно суфистичко светилиште во јужен Пакистан, соопштија пакистанските власти.

Во операциите изведени во текот на ноќта се уапсени уште 47 лица, вклучувајќи некои во провинцијата Синд, каде се случил самоубиствениот напад.

Во нападот загинаа најмалку 75 лица, од кои 20 деца, а над 300 луѓе се ранети. 

Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава. 

Нападот, извршен врз храмот издигнат во чест на Лал Шахбаз Каландар во градот Сехван Шариф, познат филозоф и поет кој живеел во 12. и 13. век, е најголемиот во серијата бомбашки напади извршени во Пакистан оваа недела, во момент кога пакистанските талибанци и другите радикални исламистички екстремисти се закануваат со нова офанзива. 

Веста е прочитана 207 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.