Надлежните институции не успеаа да влезат во станот каде 13 години семејството Колевски живее во изолација

7 September, 2017 - 21:49

Надлежните не влегоа во станот на улицата Димче Лахчански во Битола, каде мајката Мирјана со години ги чува во излоација, без контакт со надворешниот свет двете ќерки Наташа и Елена Колевски, на возраст од 35 и 34 години. Социјалните работници и полицијата, направија неколку обиди да ги убедат да ја отворат вратат, но безуспешно, по што околу 19 часот се откажаа од намерата. Рекоа дека преку затворена врата разговарале со трите жени, кои биле контактибилни и одбиле секаква помош, заради што процениле дека во станот не може да се влезе насилно. Ова се случуваше откако Телма ја објави приказната, што ја раскажуваат соседите, кои ќерките не ги виделе со години, но постојано ги слушаат нивните болни лелеци додека мајката не е дома

„Таман ќе си дојди мајка им сестрите се смируваат. Што им прави не знаеме. Затоа сакаме да се преземе нешто да се влези внатре да се види што се случува. Едната вика, едната плаче“, рече сосетка.  

Што се случува внатре никој не знае, но во станот нема струја, ниту вода. Во 2014 година соседите го пријавиле случајот во Ценатрот за социјални работи и полиција, службите дошле, ја обиле вратат, по што мајката и сeстрите биле префрлени во болница каде биле лекувани десетина дена. Соседите велат дека долго време биле без храна и вода, со рани по телото и нарушена здравствена состојба.

„Толку се загадени, ни капени ни миени. 20 дена ни вода ни леб, само повраќаа пред да одат на болница, рече состката -Бев присутна кога ги вадеа од дома, имаше полиција пожарна, полиција, кога ги видов сестрите беа како зомби. Многу потечени, испиени, страшна слика, со рани по целото тело“, раскажува сосетката.  

Од Центарот за социјални работи велат дека случајот е документиран кај нив и отворен предмет уште во 2014 година кога соседите за првпат пријавиле. Социјалните работници веднаш излегле на терен по што со асистенција на полицијата и противпожарната единица, и со судски налог, била обиена вратата, а трите жени биле однесени на болница. Биле прегледани и од психијатар кој констаирал дека немаат психички проблеми, а овој начин на живот е нивни избор. 

„Мирјана, Наташа и Елена веднаш се пренесени со возилото од Брзата помош во Клиничката болница одделение Хирургија и не се утврдени телесни повреди. После тоа однесени се на одделение за психијатрија во истата болница, прегледани се од страна на психијатар и психолог каде што се доби специјалистички извештај дека сите три пациентки немаат знаци на психотичност и се добива просечен скор на интетектуалните функции“, ни соопштија од Центарот. 

Со помош на социјалните служби во 2014 години им е регулирано здравственото осигурување, а во 2016 година Наташа и Елена добиле и лични карти. И лани во март мајката и ќерките сами побарале лекарска помош и биле задржани на болничко лекување. Во соопштението од Центарот за социјални работи се наведува дека и денеска е направен обид со асистенција на полицијата и лекарска екипа да се контактира со нив, но безуспешно. Сепак од таму велат дека од сите институции им е понудена помош и стојат на располагање.

Заради лелеците што доаѓаат од станот, надлежните побараа од станарите на улицата Димче Лахчански да соберат потписи и да ги достават во битолската полиција, потоа ќе се бара начин како да му се помогне на семејството. 

Емилија Мисирлиевска

Веста е прочитана 14818 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.