Над 70.000 лица побарале работа на саемите за вработување

15 June, 2017 - 15:16

Седумдесет илјади невработени лица доставиле биографии на двата одржани каравана саеми за вработување кои досега ги организира Агенцијата за вработување во повеќе градови во Македонија.. Со саемот за вработување во Скопје денеска завршува третиот по ред караван на кој учествуваат 50-ина фирми кои пред заинтересираните невработени лица од Скопскиот регион ја претставуваат својата дејност и слободните работни места.

Саемот официјално го отворија директорката на скопската Агенција за вработување Слободанка Алексовска која притоа изјави дека активностите за отворање нови работни места резултирале со намалување на стапката на невработеност во земјава, која во последните 10 години континуирано се намалува и согласно податоците на Државниот завод за статистика во моментот е најниска и изнесува 22,9 проценти.

Веста е прочитана 416 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.