Набљудувачите се сомневаат во 2,5 милиони злоупотребени референдумски ливчиња во Турција

18 April, 2017 - 11:50

Неправилностите на референдумот во Турција може да го променат резултатот од гласањето, изјави Алев Корун, австриски член на европската мисија набљудувачи од ПССЕ. 

„Постојат сомневања дека 2,5 милиони гласачки ливчиња се злоупотребени“, изјави Корун кој е член на австрискиот парламент.

„Тоа е поради фактот дека законот дозволува само прифаќање официјални гласачки ливчиња. Изборната комисија одлучи, што е противзаконски, дека гласачки ливчиња без печат ќе може да се сметаат за валидни“, додаде тој. 

Веста е прочитана 342 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.