ВИДЕО: Повредените од Куманово се префрлаат во Скопје

9 May, 2015 - 12:39

Се уште нема официјални податоци, ниту од Министерството за здравство, ниту од Ургентниот центар во Скопје за бројот на повредени во вооружените престрелки во Куманово.

Неофицијалната бројка е меѓу 16 и 17 лица. Од 8 часот изутрина, крајно драматична е состојбата на скопските клиники, обезбедувајњето е на највисоко ниво, мобилизиран е сиот медицински и докторски персонал, а постојано пристигнуваат и хеликоптери и возила на брза помош.

Директорот на Клиниката за хирургија не одговара на телефонските повици, а министерот Никола Тодоров на 3-4 пати доаѓаше и заминуваше од клиниката, а според информациите, наскоро треба да пристигне и министерката за внатрешни работи, Јанкуловска.  

Мирко Трајановски

 

 

Веста е прочитана 321 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.