На Џоли не и е сеедно што се случува со Бред Пит

5 June, 2017 - 11:11

Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли во октомври минатата година поднесе барање за развод од Бред Пит, а сега и пречи тоа што тој се обидува да продолжи со својот живот, пишуваат американските таблоиди.

Како што вели извор близок до глумицата, таа се уште му е лута на својот поранешен сопруг, но не и е сеедно поради тоа што тој одлучил да продолжи со животот и да најде друга.

Барањето за разводот се случи поради проблемите на Пит со алкохолот и неговиот однос со децата. Оттогаш трае и нивната борба за старателство над шесте заеднички деца - Медокс (15), Пекс (13), Захара (12), Шајло (10) и близнаците Нокс и Вивиен (8). 

Веста е прочитана 4796 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.