Мукоски, Арнаудов, Дамовски и Јовановски остануваат во Шутка

7 December, 2017 - 16:56

Пратениците Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов остануваат во притвор, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска во домашен притвор - кривичниот совет на Скопска единица ги одби жалбите на одбраната. За пратеникот Сашо Василевски кој е во Шутка од вторникот нема се уште одлука, а Љупчо Димовски кој доби куќен притвор не се жалел, соопштија од Кривичниот суд.

За осомничените во „Крвавиот четврток“ кои првично добија куќен притвор, а потоа им беше заменет со класичен притвор денеска одлучуваше Апелација и ги одби жалбите на адвокатите. Актерот Владо Јовановски, режисерот Борис Дамовски и шефот на обезбедувањето на екс спикерот Велјановски, Горан Ѓошевски, остануваат во притвор. Во судот денеска одржаа две јавни седници во присуство на адвокатите.

Јовановски до сега не бил ни прекршочно казнет - ако го вратите во куќен притвор ќе се однесува дисциплинирнао ги убедуваше адвокатот Џиков тројцата апелациони судии. По 7 поминати месеци нема логика за притворот, уверуваше и адвокатот на Дамовски, Миле Петровски.

„Се вракам од посета во затворот и можам да кажам дека мерката притвор претставува казна за Владо Јовановски. Целта на истрагата ќе се постигне и со други мерки за обебедување. Тој со ништи нема да и наштети на истагата ниту ке влијае ниту ќе бега“, кажа адвокатот Ставре Џиков. 

„Дамовски не се криел не бегал, сам се пријавил во полиција. Бараме укинување на притворот. Има и поблаги мерки како одземање пасош и забрана за комуникација со конкретни лица. Бев присутен и на претресот не најдоа ништо од тоа што најверојатно го бараа“, кажа адвокатот Миле Петровски.

Вишите обвинители Момир Маричиќ и Елвин Вели, бараа Апелација да ги одбие жалбите на Дамовски и Јовановски.

„Дамовски е еден од главните во овој предмет. Имајте ја предвит казната за ова дело. Како ќе се одвива истрагата така ке ги снемува обивнетите. Дозволете ефикасно и брзо да заврши истрагата. Видете како голем број обвинети стануваат болни одат по бањи имаат депресии. Да не се развелкува до недоглед истагата“, истакна Момир Маричиќ, обвинител во Вишо обвинителство - Скопје.

„За Јовановски предлагам да се одбие мерката како неоснована. Со оглед на фазата во која се наоѓа само со мерка притвор може да се остварат целите на постапката“, изјави Елвин Вели обвинител во Вишо обвинителство - Скопје

Од 5 мината осомничен кои од домашен притвор беа однесени во Шутка,  Апелација одлучуваше за три жалби стасале до апелација.

Веста е прочитана 2551 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.