Мнозинството граѓани сакаат или широка коалиција или Влада предводена од СДСМ (етничка припадност)

13 February, 2017 - 19:28

По етничка припадност, и Македонците и Албанците, одговориле со идентичен процент, 30 отсто, дека најдобро решение за формирање на влада е широка коалиција. Разликата во двата етнички блока се јавува по прашањето на формирање на политичка влада од двете македонски партии. 28 проценти од Македонците би сакале неа да ја формира ВМРО-ДПМНЕ, додека 23 отсто СДСМ. Албанците пак 44 проценти посакуваат влада на СДСМ, наспроти само 7 проценти кои повторно сакаат влада на ВМРО-ДПМНЕ. Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 4 до 10 февруари на репрезентативен примерок од 1000 испитаници.

Веста е прочитана 9598 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.