Министерството за култура без одговор за подржани проекти по дејности

28 February, 2017 - 15:55

Нема одговор од Министерството за култура, за испратените прашања од Тв Телма, согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер, во врска со повеќе подржани проекти во програмата по дејности или активности, за оваа година. Иако ни беше речено дека ќе се испочитува рокот од 30 дена, нема одговор на барањето, испратено и архивирано во ресорното министерство на 24 јануари.

Од Министерството за култура требаше да испратат по електронски пат, листа со одобрени проекти од издавачката дејност, со поединечни буџети, за сите публикации и проекти од електорнско издаваштво. Од драмска дејност, буџетите за сите одобрени проекти од независната и алтернативна сцена. Од визуелна уметност, архитектура и дизајн, буџетите на секој одобрен проект на здруженијата на граѓани, други асоцијации и  самостојни проекти. А, од музичко-сценската и фолклорна дејност, сите буџети за одобрените проекти на физички лица и за дигитални аудио записи.

Поради непочитување на рокот за одговор, Телма денеска упати жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Како што соопштија од Министерството во почетокот на годината, буџетот за култура за 2017 изнесува скоро 4, 1 милијарди денати и е за 15, 43 % поголем од лани. А, програмските сретства изнесуваат 893милиони 367 илади денари. Во која висина ќе се движат буџетите за бараните од наша страна, одобрени проекти по дејности од Министерството за култура, за сега не успеавме да дознаеме.

 

Сотир Трајков

Веста е прочитана 1146 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.