Mилиони доброволци се јавиле во вооружените сили Северна Кореја

12 August, 2017 - 14:05

Северна Кореја денеска соопшти дека речиси 3,5 милиони работници, членови на партијата и резервисти доброволно се јавиле да и се приклучат на војската во борбата против САД и отпорот против новите санкции на Обединетите нации.

Официјалниот севернокорејски весник „Родонг Синмун“ наведе дека доброволците се јавиле, откако државните медиуми во понеделникот објавија соопштение со кое се осудуваат новите санкции на ОН како одговор на ракетната проба на Пјонгјанг.

Веста е прочитана 2331 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.