Меркел - Трамп, тензична средба во Белата куќа

17 March, 2017 - 21:43

Тензична прва средба помеѓу Доналд Трамп и Ангела Меркел.

Посилна Америка е во интересен на целиот свет, ќе грмне Трамп на почеток на заедничката прес конференција. Подобро е да разговараме еден со друг, наместо да збориме еден за друг, е дипломатската реплика на Меркел.

Посетата која традиционално почнува во Овалното студио веднаш го навести непријателскиот однос на новиот американски претседател. Меркел се навалува накај Трамп, и го прашува: Ќе си подадеме ли рака. Трамп не трзнува, останува со рацете споени помеѓу нозете. Гримасата на канцеларката се кажува.

Формално, средбата била продуктивна според Трамп. Задоволувачка ќе додаде Меркел. Меѓу темите на разговорот, биле безбедноста, просперитетот и мирот. Околу НАТО, Трамп ја дал својата поддршка, но нагласил дека сојузниците треба да ја платат точната квота на сметката.

-И го потврдив на канцеларката Меркел мојата силна поддршка за НАТО, како и потребата нашите НАТО сојузници да си го платат својот дел од трошоците за одбраната. Многу нации должат огромни суми на пари од минатите години и тоа не е фер во однос на САД. Овие нации мора да го платат тоа што го должат.

-Многу сум задоволна што знам дека претседателот нагласи колку мисли дека НАТО е важен. НАТО е од примарна важност за нас, и не без добра причина на самитот во Велс рековме дека Германија мора да го зголеми трошењето. Се посветиме на зголемување од 2 проценти до 2024 година. Минатата година ги зголемивме нашите трошоци за одбраната за 8 проценти и ќе работиме повторно заедно на ова прашање.

Потоа се разговарало за Холандија, мирот во Украина, ситуацијата во Сирија и Либија.

-Го почитувам водството на Меркел, заедно со францускиот претседател, во напорите за решевање на конфликот во Украина каде сме во потрага по мировно решение. Но, најважно, нашите две земји мора да продолжат да работат заедно со цел да ги заштитеме нашите граѓани од радикалниот исламски тероризам и да го поразиме ИСИС.

На други теми САД и Германија остануваат на стартните позиции, како прашања кои длабоко ги делат. Имиграцијата пред се, која како што функционира во Европа, според Трамп е несигурна, затоа што имиграцијата е пред се привилегија, а не човеково право.

-Миграцијата, имиграцијата, интеграцијата, мора да се внимава околу нив, се разбира, илегалната мора да биде спречена, но тоа мора да се направи и со грижа кон бегалците во исто време. Давајќи им можност да ги формираат своите животи таму каде што се наоѓаат. Нивните земји не се во состојба тоа да го направат. Некогаш затоа што имаат граѓанска војна.

Трамп го бранеше и својот „Америка пред се“ концепт, откако најави и данок од 35 проценти за германската автомобилска индустрија која произведува во Мексико. На што Германија пред средбата се закани со тужба пред Светската трговска организација.

Ова е трета посета на Меркел на Белата Куќа. По средбите со Буш помладиот и Обама, речеси две години не била во посета на САД. Според тоа како беше пречена, тешко дека Меркел наскоро ќе посака повторно да патува преку океанот. 

Ивор Мицковски

Веста е прочитана 8039 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.