Меркел нема немера да влегува во размена на провокации со Турција

17 March, 2017 - 11:03

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека нема да разменува провокации со Турција, по острите критики од претседателот Реџеп Тајип Ердоган против забраната за планираните митинзи во Германија и Холандија на кои требаше да учествуваат турски министри, пренесоа британските медиуми.

Во интервју за регионалниот весник „Саарбрикер цајтунг“, Меркел како смешно го оцени обвинението на Ердоган дека ги поддржувала терористите на Курдската работничка партија.

-Немам намера да учествувам во тој натпревар за размена на провокации, изјави таа.

За нападите на Ердоган кон Холандија  Меркел посочи дека „овие навреди треба да престанат“.

Таа повторно изјави дека доколку турските политичари сакаат да учествуваат во јавни настани во Германија треба отворено да посочат кој точно ќе учествува и со каква цел и потоа да се придржуваат кон законите и принципите на германскиот Устав.

-Освен тоа, секојдневно правиме проверка на ситуацијата и на никого нема да му даваме отворени карти (картбланш) за иднината, рече Меркел.

Веста е прочитана 558 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.