Манчевски: Градски буџет за раскош и кич

16 February, 2017 - 19:23

Се што побарала Владата, Град Скопје изградил. Потрошил 27 милиони евра од буџетски дотации со 95% реализација на плоштади и барокни фасади, само во 2016 година, стои во извештајот на Град Скопје за реализација на годишниот буџет.

Пред советниците, релазицијата на проектите од градски пари ги бранеше градоначланикот Трајановски.

Секој четврти планиран проект на советниците за 2016 останал незавршен. Денешната точка за отчетот за реализацијата на годишниот буџет мина во бурна атмсфера, а советниците од опозицијата обвинија дека едни исти проекти се градат со години, а се префрлаат во плановите за наредната. Најмалку пари градот трошел за заштита на животната средина.

Додека СДСМ најави дека ќе ја запре изградбата на „Панорамско тркало“ и проектот „Скопје 2014“,спортиставената советничка група застанаа во одбрана на владините проекти во главниот град.

Најмногу пари во буџетот на градот за 2016 влегле од даноци, или 3,1 милјарда денари основен буџет, незначително поголема сума како и во 2015 или за една четвртина помалку од проектираниот буџет на почетокот од 2016.

Павле Беловски

Веста е прочитана 1173 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.