Малолетник го подметнал пожарот на Матка

6 August, 2017 - 17:22

Од полицијата потврдија дека малолетен скопјанец го подметнал пожарот на Матка кој избувна во четвртокот попладне и по два дена беше локализиран.

17-годишниот Л.Ш.  е приведен и против него се подготвува кривична пријава за дело предизвикување шумски пожар за што е предвидена затворска казна од 1 до 10 години.

Уапсениот е препознаен и од сведоци кои го виделе како го потпалува пожарот на Матка, е еден бугарски турист го снимил и на мобилен телефон.

По завршување на полициската истрага, постапката ќе ја води јавното обвинителство.

Пожарот на Матка беше потпален во четвртокот околу 13:30 часот, по што брзо се прошири на повеќе недостапни локации на сртовите на планината околу езерото. По два дена пожарот беше локализиран и ставен под контрола, а огнот изгоре повеќе хектари шума околу езерото. 

Веста е прочитана 7807 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.