Македонија се соочува со недостиг на пченица

14 June, 2017 - 16:10

Сојузот на стопански комори предупредува дека цената на брашното може да се зголеми до крајот на годината заради недостиг од пченица. Од Комората велат дека причина за нивното барање се очекувањата за значително помали приноси особено во споредба со минатата година, а во одредени региони од земјата дури и да нема жетва.

Тоа, според нив, се должи на лошите временски услови, но и недоволната примена на агротехничките мерки за да може да се спаси родот.

Предлагаат владата да откупи најмалку 50 илјади тони пченица по договорена цена за да можат земјодлеците да ги надоместат штетите и да посеат поголеми површини на есен за да се надомести недостатокот. 

Веста е прочитана 1056 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.