Македонија ќе го дочека Прибе без исполнети реформи

11 June, 2017 - 16:07

Нема суштествен напредок во ниту една од 5-те области каде беа нотирани сериозни недостаптоци во експертскиот извештај на ЕУ. Со вакви резултати Макеоднија ке ја дочека експертската група предводена од Рајнхард Прибе,  две години по првиот извештај, оценуваат од Институтот за евопска политика. Од ЕПИ анализираат дека не е  спроведена деполитизацијата на судството, ниту антикорупциските мерки, а наместо деполитизација на администраицијата, спротивно на препоракит,е направена е трансформација на привремените вработувања во постојани.

Од вракањето на Прибе во Макеоднија, Кацарска очекува поконкретни препораки со што нема да се остави простор за слободна интерпретација, но и поставување на приоритети.

Правосудството е меѓу областите на кои им се потребно најитно реформирање. Дел од забелешките се за судскиот и обивнителскиот совет. Потребата од длабоки промени и во овие совети преку кои се бираат и разрешуваат судоиите и обивнителите побараа и од фелата на дебатата во пресрет на новата посета на Прибе.

И во извештајот на ЕК, Македонија беше оценета како заробена дражава. И таму како и во низа други меѓународни извештаи, правосудството е една од најкритикуваните области.

 

Елена Ивановска Мукоска

Веста е прочитана 1704 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.