Македонците помалку пушат, пад на потрошувачката на цигари

19 April, 2017 - 19:15

Застрашувачки фотографии на пакувањето, Законот за пушење во затворено и намалената куповна моќ на граѓаните, причините познати на производителите. Македонците испушиле помалку цигари за овие 4 години, а тутунската индустрија бележи пад на потрошувачката на цигари, потврдуваат од „Империјал тобако“

Ново поскапување ќе има, но кога не откриваат од тутунскиот магнат. Оттаму, велат дека акцизите не се причина за претходините поскапувања, туку одлуката е донесена од компанијата. Иако им пречи пушењето, поскапувањето според граѓаните носи само профит, а не и откажување.

Сепак, извозот ја зголемил продажбата за 30%. Од „Империјал тобако“ најавуваат дека ќе се зголеми и откупот на македонски тутун за околу 9 отсто во текот на оваа година. Теми за кои сега не се отвора дебата е цената за откупениот тутун.

Павле Беловски

Веста е прочитана 1717 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.