Љубовен траголник причина за нападот на докторот од Слупчане?

10 November, 2017 - 16:01

Љубовен триаголник - причина за нападот на токсикологот од Слупчане, кој неофицијално го извршил љубоморен маж на негова колешка. Откако наводно открил дека се во врска го пресретнал на пат кон работа и со нож го прободел во стомакот и во грбот. Нападот врз 48-годишниот доктор се случил половина час пред да се јави на дежурството на Токискологија, а не за време на ноќата смена, потенцираше директорот на клиниката Нико Беќаровски. Во моментот повредениот токсиколог е хопитализиран на дигестивна и е надвор од животна опасност.

„Клинката длабоко жали за настанот, би сакал веднаш да ги демнатирам шпекулациите дека се случило во тек на дежурство и на работно место. Се случило пред почетокот на дежурство, некаде 30-тина часа претходно, колегата бил на пат за доаѓање на дежурство.За среќа е во добра здравствена состојба, во животна опасност, така што, се надеваме дека наредните денови ќе биде пуштен на домашно лекување“, вели Беќаровски.

Иако нападот бил надвор од клиничкиот центар кој веќе има ангажирано фирма за обезбедување, Беќаровски размислува и за посебно обезбедување на Токсикологија. Но, во овој момент вели клиниката нема пари да плати за ваквата услуга. За случајот се огласи и лекараската комора.

„Никакво насилство не треба да се толерира, особено не врз доктори, затоа и бевме со идеја и имаме соработка со Министерството за здравство и со останатите комори да го спречиме насилството. Јас длабоко верувам во системот на оваа држава и да оставиме иснтитуциите да го проследат понатака сето ова, околу немилиот настан“, вели д-р Калина Гривчева Старделова, претседател на Лекарска комора.

Со убод од нож, пред 5 месеци во својот дом мртва беше пронајдена докторката од Нефрологија, Јелка Масин - Спасовска. МВР случајот го води како самоубиство, а обвинителство се уште ги комплетира доказите. Оттаму велат, истрагата е во финална фаза. Се чекаат резултатите од дополнителното вештачење на судска медицина, по што кончено ќе се расветли дали станува збор за самоубиство или за убиство. И овој и вчерашниот инцидент се случиле надвор од клиничкиот капмус.

Весна Јовановска - Дојчиновска

Веста е прочитана 9480 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.