Лицата со посебни потреби од утре повторно на протест во „Жена парк“

19 May, 2017 - 16:18

Лицата со посебни потреби очекуваат од новата влада, веднаш по формирањето да ги побара за да разговараат за измени на законските и подзаконските акти, кои нив лично ги засегаат.

Еден месец откако кампуваа пред Собранието, тие од утре повторно ќе ги постават шаторите, а викендов „Жена-парк„ во Скопје, ќе го претворат во голема работилница, со што уште еднаш ќе се обидат да го свртат вниманието кон себе.

Во паркот во Скопје ќе се организираат работилници за арт терапија, музикотерапија, здрава храна, спорт и советувалишта за родителите.

Ќе го претстават сето тоа што сметаат дека им е потребно за напредок и функционирање.

Кон иницијативата, која почна од Штип, се приклучија над 30 здруженија од цела Македонија, како и различни групи на попреченост, кои за пет дена собраа над 30 илјади граѓански потписи за решавање на нивниот статус со закон.  

Далиборка Демјанска

Веста е прочитана 757 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.