ЛГБТ заедницата се жали на дискриминација

17 May, 2016 - 14:46

Андреја Јакимовска која на македонската јавност и стана позната откако пред неколку години го промени полот, регира дека во меѓувреме ништо не е сменето нашето општество. Се уште вели се соочува со предрасуди и дискриминација од страна на институциите но и од средината.

Незадоволство од статусот на ЛГБТ заедницата изрази и Антониот Михајлов од НВО Субверзивен фронт. Нејзините припадници се дискриминирани, изолирани во тајност, а неколкуте  напади случени во 2012-та година до сега немаат судска разрешница. Особено е изразена недоволната институционална подршка, рече Михајлов.

Според постојниот координатор на ОН во Македонија Луиза Витон, основен проблем  што Македонија е се уште далеку од почитување на правата на оваа зедница е тоа што во законот за спречување и заштита од дискриминација се уште ги нема двете основни права- сексуална ориентација и родов идентитет.

Холандскиот амбасадор е оптимист дека работите се менуваат и дека ЛГБТ заедницата ќе биде многу повеќе прифатена во опшетството. До зградата на овааа амбасада, покрај холандското денеска беше поставено и знамето на ЛГБТ заедницата.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Веста е прочитана 426 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.