„Лавови“: Ќе спречиме братоубиствена војна

20 March, 2017 - 17:46

Претседателот Ѓорѓе Иванов да го повика амбасадорт на Република Албанија во земјава и од него да побара јавно извинување за мешањето во внатешните работи на земјата и итно отфралање на Тиранската палтформа. Ова е првото барање во писменото соопштение кое поранешната единица за брзи интервенции „Лавови“ го испрати преку медиумите до како што велат сите македонски граѓани. Понатаму се обраќаат до политичките партии на Албанците од кои бараат да се свртат кон соживот и почитување на Уставот и Законите. Со македонските партии, пак, го испраќаат последното и според нив најважно барање. Уверуваат дека барањата ќе им бидат остварени, а на политичарите им испраќаат порака дека ќе спречат братоубиствена војна и поделба на државата.

„Бареме од македонските политички партии да седнат на заедничка маса и да ги прецизираат црвените линии во однос на македонските национални интереси и за правата на етничките заедници во Република Македонија. Со тоа да не дозволат фаворизирање на една етничка заедница во однос на другите“.

Телма, во разговор со претставнци на лавовите доби одговор дека соопштението е само апел до политичките учесници. Велат, дека немаат намера да се активираат. Повеќе од еден месец поранешените команданти Драган Кимовски, Миле Спасов и поранешните членови на лавовите Сашо Лазаревски, Марјан Марковски и Зоран Ѓеоргиевски, држеле состанци, по што одлучиле преку соопштение да ги испратат нивните барања. Воопшто не било споменато активирање на единицата ниту пак дали е тоа воопшто возможно. Лавовите земаа учество во воениот конфликт 2001та година кога беа и формирани, за во 2003та единицата да биде расформирана, а повеќето членови да преминат во ЕБР на МВР. 

Павле Беловски

Веста е прочитана 2290 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.