Косово ја одбележува деветтата годишнина од осамостојувањето

17 February, 2017 - 11:00

Најмладата држава во Европа - Косово, денеска ја одбележува деветтата годишнина од осамостојувањето.

Но, како и многумина во земјата, така и младиот Назим Ахмети (24) не мисли на празникот тука на страдањето од невработеноста, што во Косово е застапена со дури 60 проценти кај младите лица. 

- Се борам секој ден, за да им дадам леб на детето и на жената, наведе Ахмети, кој секојдневно со часови чека на студот некој да го ангажира за работа во текот на денот. 

Во 2008 година албанското население во Косово со радост го прослави едностраното прогласување на независноста од српската доминација. 

Овој регион од поранешна Југославија во тоа време доби поддршка од Западот во војната, прогласена од страна на косовските бунтовници против силите на Белград. Во конфликтот од 1998-1999 година загинаа 13.500 лица, од кои над 10.800 Албанци. 

За помалку од десет години, оттогаш Косово е признаено од над 110 држави и покрај спротивставувањето на Србија.

Косово, сепак, е нагризено од корупција и сиромаштија. 

Според официјалната статистика, невработеноста во земјата е сведена до 26 проценти. Според населението овие се намалени податоци, што очигледно го потврдува и Светската банка, чии податоци покажуваат просечна невработеност од 42, 6 отсто во последните четири години. 

Една третина од населението живее под граница на сиромаштијата, а просечната плата изнесува 360 евра. 

Повеќето радикални исламисти, околу 300 Косовари се приклучија кон џихадистите во Ирак. 

Сиромаштијата ја поттикнува и миграцијата кон западна Европа, почесто нелегална, отколку легална. 

Населението брои 1,87 милиони жители во споредба со 2,1 милиони во 2008 година. 

Едно од главните прашања во земјата е барањето за визната либерализација во земјите од ЕУ. 

- Косово треба да им понуди економска перспектива на граѓаните, за да ги убеди да останат, наместо да бараат други решенија, призна премиерот Иса Мустафа, уверувајќи дека косовската Влада прави се што е можно за да привлече повеќе странски инвеститори. 

Нормализирањето на односите со Србија, се чини, е задолжително. 

Втора пречка е се присутната корупција: Косово се наоѓа на 95-то место од вкупно 175 земји на листата на „Транспаренси интернешенл“. 

Захир Бајрами раководител на финансиската служба во Владата на Косово беше отпуштен поради сомение за злоупотреба на службена положба во еден судски случај. 

Според економистот Мехмет Гата, Косово не може да стане „функционална држава без економски развој и борба против високата невработеност и сиромаштијата, двата главни предизвика за најмладата европска држава“. 

- Фатот дека елитата е ненормално богата, покажува дека економскиот развој не фигурира меѓу нивните приоритети, наведе Гата.

Веста е прочитана 705 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.