Корзика во пламен

12 August, 2017 - 14:18

Шумските пожари кои веќе неколку дена беснеат на остовор Коризка ги принудија локалните власти синоќа и утрово да евакуираат над 700 лица, во најголем дел туристи од местата во кои тие престорјуваат а кои се во директна опасност да бидат зафатени од пожарот.

Состојбата на овој остров нагло се влоши откако ветровите кои дуваат со брина и до 120 километри на час ги проширија двата шумски пожари.

Во местото Пијетракобабр на источниот брег на островот, беснее оган, кој претходната ноќ, во екот на туристичката сезона, се разгоре во Нонца.

Пожарот го загрози местото Сиско, а неколку регионални патишта се затворени за сообраќај, изјавија очевидци и регионалните власти.

Веста е прочитана 621 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.